Првпат во историјата Бугарија ќе ѝ предаде благодатен оган на Македонска православна црква-Охридска архиепископија, јави бугарската ТВ Европа.
Претставникот на Светиот синод на Македонската црква, митрополитот Иларион, на аеродромот во Софија ќе го преземе благодатниот оган лично од архиепископот Стефан. Огнот потоа ќе биде префрлен со хеликоптер до Скопје, каде што ќе биде дистрибуиран до сите храмови во Македонија.
Светиот оган ќе го донесе најмладиот бугарски митрополит Антониј, а заедно со него, за да го прифатат, за Ерусалим ќе отпатуваат поранешниот министер за транспорт Кристијан Крстев и ректорот на Духовната семинарија, Пахомиј. Тие ќе заминат за светиот град на 7 април рано наутро со владин авион, со одлука на премиерот Бојко Борисов.
Се очекува делегацијата да се врати во Бугарија вечерта на Велика сабота, по што огнот ќе отиде до секој агол на Бугарија и на Македонија.





