Сценаристот Божидар Божиновски со пригодно четиво за годишнината од дебаклот на СДСМ на локалните избори, кој го принуди тогашниот лидер и премиер Зоран Заев да поднесе оставка.
„Да се потсетиме на еден друг Халовин, од пред една година, сдсмовскиот Халовин – вториот круг на локални. Лани ова време СДСМ од локална власт освои двајца благајници во куќен совет во Центар и во Валандово и еден вратар во водовод во Неготино. Толку беа ужасни резултатите шо и Заев си даде оставка (шо му беше паметен чекор, пошто повторно владее, само сега без правната одговорност).
Таквиот катастрофален пораз воопшто не ги спречи и не ги замисли што прават и зошто и од дома веќе не ги гласаат. Толку е капацитетот со таа цревна флора која ќе ги избрише како партија. И покрај никаков легитимитет, декласирани на избори продолжуваат да владеат и, со никаква поддршка, да ги потпишуваат најлошите договори за Македонија, од кои со генерации не ќе можеме да се извлечеме. Веќе немаме пат кон ЕУ, имаме договор според кој мора да ги исполнуваме сите желби на Бугарија. Договор што многу скапо ќе го плаќаме, договор што значи чао на ЕУ.
Таква партија која се плаши од избори, чија поддршка ќе стигне до ниво на статистичка грешка, сака да го менува Уставот, да ја крои иднината. А иднина за народот постои само ако ги нема нив.
То е арогантноста на СДСМ, мислат дека нивна е државата и, ако изгубат избори, сакаат да уништат што можат повеќе, да украдат повеќе, затоа што народот им свртел грб. Истиот народ кој го викаат овци, неписмени, некапени. Е, тој народ на крај и ќе им пресуди, само проблемот е колку штета ќе направат до тогаш“, коментира Божиновски на Фејсбук.





