Писателот и сценарист Божидар Божиновски ја коментира пораката од потпретседателот на Европската комисија, Жозеп Борел, до македонските граѓани дека „ова е најдобрата зделка што можете да ја добиете“, мислејќи на впишувањето на Бугарите во Уставот заради вистински почеток на преговорите за членство во ЕУ.



„’По договорот од јули минатата година ова е најдобрата зделка што можете да ја добиете. И не е реалистично да очекувате дека ова ќе се реотвори за нови преговори’ – Борел, потпретседател на ЕУ

Реално е да се очекува да се откажеме од историја, идентитет и јазик? 80 проценти од Македонците сметаме дека не вреди таа жртва за ЕУ. Не се чудете после зошто од скоро 100 отсто поддршка за влез во ЕУ сега е 49 отсто и уште ќе паѓа. Тука ви е и одговорот за ‘руското’ влијание. Не дека го нема, но е неспоредливо со молкот на ЕУ кон насилството од страна на Грција и Бугарија кон Македонија. Македонците континуирано се чувствуваат изневерени од ЕУ и со право. Додека оние кои ни сменија име и оние кои бараат да се откажеме од сѐ се дел од тоа друштво, а не почитуваат ни малцински, ни човекови права, од Македонија се бара да ја расформира државата.

Немањето слух за Македонците и понатаму ќе ја урива поддршката за ЕУ, не дека ви требаме нешто многу. Поентата е што мислите дека вие сте ни неопходни. А еве, пак сме тука и без вас“, му порача Божиновски на Борел.