Сценаристот Божидар Божиновски алијас Мр Моџо Килингтон реагира за предлогот на Франција за кревање на бугарското вето за Македонија со гарантирање од Европската унија за исполнување на барањата на Бугарија во текот на преговорите за членство.
„’Франција е подготвена бугарските барања да влезат во преговарачката рамка за Македонија’.
Наместо наеднаш, ќе се бришеме на рати, од поглавје до поглавје, за на крај да влезе во ЕУ некоја недефинирана маса која постои овде од 44-та, без историја и јазик“, коментира Божиновски на Фејсбук.






