ВМРО-ДПМНЕ треба да ги номинира министрите за внатрешни работи и за труд и социјална политика, како и замениците министри во техничката влада која ќе биде формирана на 100 дена пред изборите со цел дца се спречи евентуалкен изборен поткуп, вели аналитичарот владимир Божиновски.
„Доколку ВМРО-ДПМНЕ има луѓе внатре во институциите ќе се обиде да спречи доколку дојде до одредени појави или обиди за изборен поткуп. Многу е поважно да се следи целиот изборен процес и да се види кои инструменти може да ги искористи власта со цел да направи одреден изборен притисок.
Минатите избори имаше Пржинска влада, но имаше одредени сомневања за обиди за поткуп, преку фондации и делење пакети. Се надевам дека и самата власт, која е свесна дека нема голема поддршка, ќе се воздржи од какви било обиди за поткуп. Најважно е самите граѓани и медиумите да алармираат доколку има некоја ваква појава, вели Божиновски за Курир.
Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека во наредните денови партиските тела ќе одлучат дали ќе учествуваат во техничката Владата.






