Сценаристот Божидар Божиновски ја искористи 120-годишнината од херојската смрт на Питу Гули за да ја констатира поразителната вистина за актуелниот миг во кој се наоѓа Македонија, за која 40 комити на чело со војводата го положија својот живот на Мечкин Камен.
„’Ако нема слобода има смрт’ – Питу Гули, загина на денешен ден пред 120 години во Битката на Мечки Камен
Слобода нема, дали ќе се бориме за неа или и натаму ќе вегетираме е прашањето. На Питу Гули и Илинденците им бил јасен изборот што го имаат, ние, гледам, бараме средина, мали дупки во тиранијата да се лажеме дека сме слободни. А не сме, попоробени сме и од турско, и од српско, и од бугарско“, коментира Божиновски на Фејсбук.





