Новинарот Зоран Божиновски кој во времето на Груевски беше гонет за случајот Шпион и беше екстрадиран од Србија каде замина во егзил, со фрапантно тврдење дека генералниот секретар на Владата Драги Рашковски врши рекет за огромни суми.
Според Божиновски рекетот на Рашковски тежи фантастични 60 милиони евра.
Новинарот тврди дека “Генсекот” кој според овјавената аудио снимка бил вклучен во тендерот за МНАВ вреден 7 милиони евра, врши рекет во други случаи во кои имал мали потешкотии околу наплатата на парите но не се откажувал.
Божиновски вели дека е убаво што премиерот Заев пријавил рекет во случајот Боки 13 но му порачува дека ако сака ред и поредок треба да ги пријави и неговиот брат Вице Заев и генералниот секретар на Владата Драги Рашковски.
Затоа што тие вршат рекет на квадрат, пишува новинарот.





