Божиновски: “Копитава го укинаа собранието”

Сценаристот Владимир Божиновски познат под прекарот Моџо Килингтон смета дека секоја поддршка за СДСМ и ДУИ по денешната одлука со која владата преку подзаконски акти преземала ингеренции на Собранието е поддршка за диктатура.



“Владата донесе одлука иако не е донесен новиот закон за лични карти од утре тие да се печатат со името северна”
Копитава буквално го укинаа собранието. Секоја поддршка за нив е поддршка за диктатура!”, вели Божиновски кој е еден од највлијателни активисти на социјалните мрежи.

На неговиот коментар има низа интересни забелешки за ситуацијата како и повици за бојкот на Собранието од страна на опозицијата.

“Собранието како Законодавен дом од вечерва е суспендирано.
Ова е своевиден државен удар, преку преземање на ингеренциите на законодавниот дом од страна на извршната власт.

Вечерва, пратениците на опозицијата треба веднаш да си поднесат НЕОТПОВИТЛИВИ ОСТАВКИ и да предизвикаат ПОЛИТИЧКА КРИЗА”, пишува извесен Игор Хациевски.

Меѓу коментарите се издвојува и: “Додека дишам ќе носам Авганистанци”.

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=10226962260631805&id=1512444198