Божиновски: Како се вакцинирав во Хотел Вила Парк во Струмица

Новинарот Зоран Божиновски со двајца колеги престојувале во Струмица и раскажуваат што се случува во градот кој е под речиси целосна контрола на семејството на премиерот Заев.



КАКО СЕ ВАКЦИНИРАВ ВО ХОТЕЛ ,,ВИЛА ПАРК,,!?

Запознати сте дека како екипа БУРЕВЕСНИК (јас, Панда Божиновски и Илија Максимовски, помеѓу вчера и денес, од 12 до 12 часот, бевме гости на х. ,,ВИЛА ПАРК,, во Струмица, сопственост на ВИЦЕ, ТРАЈЧЕ и ЗОРАН ЗАЕВИ, иако во документите е запишан како сопственик на други лица…

Сите тројца сме НЕВАКЦИНИРАНИ, на влез во хотелот НИКОЈ не не праша ништо за тоа, ниту имаше РЕДАРСКА СЛУЖБА. Бевме уредно и љубезно примени, прво во двете хотелски соби, а потоа ручавме и се освеживме и во хотелскиот ресторан.

Ниту во ресторанот НЕМАШЕ РЕДАРСКА СЛУЖБА и никој не не праша дали сме вакцинирани или не, имаме ли сертификати. Бевме културно послужени од келнерите, па потоа појдовме во посета на трговскиот центар ,,ГЛОБАЛ,,, да видиме како стојат таму работите. Имав вчера и денес некакви толкувања на законот т.е. на мерките, според кои ХОТЕЛСКИ ГОСТИ НЕ ТРЕБАЛО ДА БИДАТ ВАКЦИНИРАНИ, МОЖЕЛО ДА БИДАТ ПРИМЕНИ БЕЗ СЕРТИФИКАТ, МОЖЕЛО И ДА КОРИСТАТ УСЛУГИ НА РЕСТОРАНОТ БЕЗ СЕРТИФИКАТ ЗА ВАКЦИНИРАНОСТ!!!

Но, нашиот престој во вчера и денес во х. ,,ВИЛА ПАРК,, Струмица беше одбележан и со набљудување на нивното однесување во ресторанот. За 24 часа престој во хотелот забележавме дека РЕДАРСКА СЛУЖБА НА ВЛЕЗ НЕМА, дека слободно влегуваат гости и НИКОЈ не ги прашува гостите дали се вакцинирани или не се. Притоа, вчера забележавме присуство на ВИЦЕ ЗАЕВ, денес предпладне на ТРАЈЧЕ ЗАЕВ.

Згора на ова, направивме проба па синоќа вечеравме во друг ресторан, ни таму домаќинот не ни побара сертификат, покрај нас пушташе и други гости да влегуваат, ни кај него немаше РЕДАРСКА СЛУЖБА, а на нас ни нагласи и дека инспекција кај него не влегува оти истата не смее да влезе ни кај ЗАЕВИ во ,,ВИЛА ПАРК,, па да нема скандали и лоши и непријатни сцени, неговиот угостителски објект го избегнуваат во широк лак! Инаку, домаќинот ни изнакажа многу ,,црни работи,, за Заеви, им се изнапцува најстрашно до деветто колено и ме замоли да им пренесам ако посакам. Не посакав, оти други веќе повеќекратно им ги пренеле неговите пцовки и клетви, та нема да сум ексклузивен…

После вечерата кај него, прошетавме и констатиравме дека САМО ПИЦЕРИЈА ,,ХЕПИНЕС,, има почит кон мерките и бевме уредно прашани дали поседуваме сертификати, па откако констатиравме дека од капацитет од околу стотина места имаат пополнетост од ПЕТ МЕСТА (вакцинирани гости!), заминавме да го разгледаме редот преубави кафе барови накај главниот плоштад. Скоро сите беа преполни, БЕЗ РЕДАРСКА СЛУЖБА и НИКОЈ НЕ ПРАШУВАШЕ дали младите кои влегуваат таму се вакцинирани или не се! Оти од преполнетост на кафе баровите не можат да постигнат да ги послужат младите гости желни за забава, а не да ги прегледуваат дали се вакцинирани, да ги враќаат поради немање сертификат и да си ја ,,рикнат,, сезоната кога највеќе можат да заработат…

Во прилог ви ги прикажувам сметките што ги плативме во х. ,,ВИЛА ПАРК,,, тука се три сметки, од кои две се фискални, а едната е КОПИЈА ОД СМЕТКА. Зошто не е фискална и што значи тоа КОПИЈА ОД СМЕТКА, навистина не разбирам. Порано таквите сметки ги пишуваа на парагон блок. Денес еве во х. ,,ВИЛА ПАРК,, се викаат КОПИЈА!

Инаку, иако ВИЦЕ ЗАЕВ беше присутен во ресторанот на хотелот, ико уредно во знак на поздрав му мавнав и тој ми мавна во знак на отпоздрав, ниту разговаравме, ниту имавме средба, ниту некој од неговите блиски ни се обрати. Тепачи, насилници и уништувачи не сретнав, никој лошо не ме ни погледна ни вчера ни денес. А дознав дека заедно со ТРАЈЧЕ ЗАЕВ тотално го изолирале ЗОРАН ЗАЕВ од носење одлуки, дека му дозволиле да си биде премиер, а тие се издигнале НАД МАФИЈАТА во Македонија и дека за сопственост под 40% во фирми кои ќе ги посакаат – не сакаат да разговараат!

Зоран Заев имал идеја тука и таму во големи бизниси да се ,,вгради,, со 10, максимум 20%, ама ВИЦЕ и ТРАЈЧЕ му рекле да заборави на таква ситнина и дека тие превземаат контрола на терен, дека никаде нема да има договор со никој кој нема да се согласи нивно да е под 40%, било да е сопственост над фирма, било да е добивање наместен тендер. НИЕДЕН ДИРЕКТОР во Северна Македонија не смее да распише тендер без претходно да добие согласност од ВИЦЕ и ТРАЈЧЕ и име на фирмата која се согласила на нивните ,,услови,, и е одредена да добие тендер…

На враќање кон Битола, пробавме да посетиме уште еден ресторан, ама сопственикот си имаше РЕДАР на врата, не ни дозволи невакцинирани ниту во предворјето да влеземе, исто се случи и со уште пет гости додека преговаравме да не пушти без сертификат. Му покажавме доказ дека идеме од х. ,,ВИЛА ПАРК,, дека таму нема редарска служба, ама кратко ни одговори:

,,ТИЕ СЕ СИЛА! ТИЕ ТОА ГО МОЖАТ! КАЈ НИВ ИНСПЕКЦИЈА НЕ ИДЕ, А КАЈ МЕНЕ ЌЕ ДОЈДАТ И ЌЕ МЕ КАЗНАТ СО 30.000 ЕВРА АКО ВЕ ЗАТЕКНАТ ДЕКА СТЕ ПРИМЕНИ НЕВАКЦИНИРАНИ!,,

И така, марихуаната врва, зелката е напуштена, не била исплатлива…

п.с. сакав да се уверам лично дека Зоран Заев и неговите браќа изгубиле самоконтрола и дека веќе не знаат како да се вратат на ,,стариот пат,,, не можат да го вратат времето кога беа мили, добри, сочувствителни, помагачи, хуманисти. Во ,,ВИЛА ПАРК,, во 24 часа видов едно огромно СТРАШИЛО кое се јаде само себе, од ден на ден. Во тие 24 часа НИКОЈ не ми пријде за нив да ми каже убав збор…

п.с.2 Заеви од македонските угостители прават будали, ама тоа веќе е нивни проблем. Мене следните денови по Скопје и Битола и натаму ќе ме враќаат од влез на угостителски објекти, во ресторанот на ,,ВИЛА ПАРК,, такво нешто нема да ми се случи ако се навратам пак, а планирам да се навратам, ама нема да бидам вратен и од кај други угостители во Струмица кои ги копираат Заеви, оти не се будали!

Линк до постот на Божиновски

https://www.facebook.com/138837833373223/posts/912636205993378/