Сценаристот Божидар Божиновски алијас Мр Моџо Килингтон, дежурен шегобиец на Фејсбук, овојпат со крајно сериозна објава на социјалната мрежа.
„Јазикот не е загарантиран доколку се менува историјата. Ни идентитетот не е загарантиран ако се менува јазикот. Трите точки – историја, јазик и идентитет се испреплетуваат. Губење на едно значи и губење на сите три и овде нема мали отстапки. Нема средина и компромис – има самоукинување“, констатира Божиновски.






