Сценаристот Божидар Божиновски алијас Мр Моџо Килингтон низ четири актуелни примери илустрира кое дно се „копитата“ од Владата, како што ги идентификува.
„Роварат бугарски агенти низ државичето, фрлаат пари за фашистички здруженија, дур копитата од Владата молчат… Денес почнува и промена на учебници, пред некој ден исвиркан македонскиот на рамковниот Егзит, ќе лупниме 130 милиони евра за фабрика на дуи во време на најголема криза кога не може чоек месец да помини.
Она шо ве викавме предавници е комплимент за вас. Нема збор шо соодветно би ве опишал кое дно сте“, коментира Божиновски на Фејсбук.






