Божин Павловски за договорите на премиерот со Бугарија и Грција

Академикот и писател Божин Павловски
на својот Фејсбук профил коментира на случувањата околу дебатата која ја започнаа бугарските политичари и премиерот Зоран Заев за карактерот на Илинденското востание и извинување на Заев до бугарските власти.



„Додека не го проплукаме мајчиното млеко затоа што сме создале македонска држава наспроти бугарската историографија, ќе бидеме уценувани со тие блокади за влез во НАТО и ЕУ. Дадовме шанса една исто така мала држава на Балканот да се изживува со нас заради нивните пусти Санстефански соништа“, пишува Павловски.

Павловски беше оштар критичар на владата на Груевски и го поддржуваше премиерот Заев во уривање на предходната влада.

Неодамна Павловски објави колумна во која побара Заев да не дава шанса народот да одлучува за името на референдум.

Знае ли што точно ни порача Божин Павловски за референдумот?