„Бота сот“: „Шарли Ебдо’ иронизира со примитивизмот на Путин и заканата за нуклеарен конфликт со Западот“

„Едно од најпопуларните сатирични списанија во светот ‘Шарли Ебдо’ на 2.март 2021 ќе објави специјална насловна страница, посветена на конфликтот во Украина. ‘Шарли Ебдо’ преку карикатура ќе иронизира со заканите на рускиот претседател Владимир Путин за нуклеарен конфликт со западните држави.“ – објави косовскиот весник на албански јазик „Бота сот“.



„Бота сот“ пишува: „На објавената карикатура рускиот претседател Путин се портретизира како мајмун шимпанзо со влакнеста рака, прикажан да наликува како да доживува ерекција додека стои над црвеното копче за активирање на нуклеарната бомба.“

„Преку оваа карикатура ‘Шарли Ебдо’ иронизира со примитивизмот на Путин, кон карикатурата додавајќи и текст: ‘На патот кон 21.век.“