„Бота сот“: „Косово – темпирана бомба што може да експлодира со последици за сиот Балкан“

„Северот, но не само тој, туку и целото Косово е бомба со часовник, која може да експлодира секој момент. Европската унија не смее да продолжи со овој пристап кон евроинтеграцијата на Западниот Балкан. Во спротивно, таа ќе ги сноси последиците за секоја ескалација на ситуацијата во регионот.“ – предупредува политичкиот аналитичар Фатон Мехмети во изјава за статијата на косовскиот весник на албански јазик„Бота сот“, објавена под наслов „Северот – бомба што може да експлодира во секој момент: на Европската Унија и доаѓа предупредување од Косово“.

„Ова свое мислење Мехмети го изнесува како коментар на најновите ставови на американските аналитичари Јануш Бугајски и Даниел Сервер, кои оценија дека ‘Европската Унија следи погрешен пристап кон Косово.“

„Бугајски вели: ‘Поради постојаното одложување на влезот на Западниот Балкан во Европската балканската јавност се разочарува во поглед на своите надежи за интегрирање во ЕУ и таа или ќе емигрира, или ќе се сврти кон порадикални идеологии и порадикални политичари. Недостигот на силно ангажирање на ЕУ за проширување ги покажува нејзината слабост и непостоењето нејзина ефективна надворешна политика. Ова ќе придонесе кон нови судири меѓу државите на Западниот Балкан.“

„Предупредувањата на Сервер и на Бугајски ги поддржува и политичкиот аналитичар Фатон Мехмети: ‘Се согласувам целосно со констатациите на Бугајски и Сервер. ЕУ била и останува антиалбанска. Не само со Албанија, туку и со Косово таа се покажува дека е неправедна. Северот, но не само тој, туку и целото Косово е бомба со часовник, која може да експлодира секој момент. Европската унија не смее да продолжи со овој пристап кон евроинтеграцијата на Западниот Балкан. Во спротивно, таа ќе ги сноси последиците за секоја ескалација на ситуацијата во регионот.“ – објави „Бота сот“.

Извор: https://www.botasot.info/politika-lajme/1681930/veriu-nje-bombe-qe-mund-te-shperthej-ne-cdo-cast-be-se-i-vjen-paralajmerimi-per-kosoven/