Косовскиот весник „Бота сот“ објави тврдења на косовскиот новинар, публицист и актуелен кандидат на Демократскиот сојуз на Косово за Општинското собрание во градот Обилиќ на претстојните тамошни локални избори, дека „радикалната терористичка група е поврзана со моќни луѓе од политиката во Косово“.
Бота сот“ пишува: „Неџат Хазири, публицист и кандидат на Демократскиот сојуз на Косово за Општинското собрание во Обилиќ на претстојните локални избори во Косово реагираше со јавна објава на фејсбук по апсењето на петте лица осомничени за подготвување на терористички напади во Косово. Според Хазири, апсењето на радикалната група се случи по предупредувањето на Американците, кои претходно веќе 6 месеци ја имале ставено оваа терористичка група под следење и набљудување.“
„Според неговите зборови, професионалната истрага би ги покажала врските на оваа група со политиката на Косово.“
“Неџат Хазири на својот фејсбук профил напиша: ‘Апсењето на радикалната група, која планираше терористички напади во Косово, стана можно само по предупредувањата на Американците, кои претходно веќе 6 месеци ја имаа ставено оваа терористичка група под следење и набљудување. Една професионална и независна истрага би ги открила врските на оваа група со политиката и со моќните луѓе во институциите на државата’ – пренесе „Бота сот“.
Извор: https://www.botasot.info/lajme/1683232/arrestimi-ndodhi-pas-paralajmerimeve-te-amerikaneve-haziri-njerez-te-fuqishem-nga-politika-te-lidhur-me-grupin-radikal-islamik/
Извор на објавата на фејсбук – профилот на Неџат Хазири: https://www.facebook.com/nexhat.haziri





