Минатата година беше рекордна за наменската индустрија на Босна и Херцеговина.
Извозот изнесуваше повеќе од 122 милиони евра главно муниција и во многу помала мера оружје и експлозив.
Во 2019 година беа постигнати најдобри резултати во извозот на пазарите во Саудиска Арабија (34 проценти) и Египет (28 проценти). Најбаран производ, како и претходните години, е муниција од калибар 5,56 до 155 мм, пишува Ал Џезира.
Во првите седум месеци од 2020 структурата на извозот во однос на производите и пазарите беше слична на минатата година, со значителен раст на пазарите во Турција, САД и Швајцарија, а новите пазари ги вклучуваат Кувајт, Алжир и Бангладеш.





