Босна ги „прибра“ терористите на ИСИС кои порачуваа да се убиваат христијани (ВИДЕО)

Осомничените терористи кои вчера беа депортирани во Босна и Херцеговина зад себе имаат серија на пропагандни снимки за Исламска држава, преку кои им се закануваат на христијаните и повикуваат на убиства, пренесува „Б92“.



Еден од нив е Јасмин Кесеровиќ познат од неколку пропагандни видео-снимки на Исламска држава, во кои повикуваше на убивање на христијани.

„Станете муслимани. Убивајте ги христијаните и нивните слуги. Во нивните градови и држави. Поставувајте им експлозив под нивните автомобили, во нивните домови, во нивните канцеларии. Убивајте ги со снајпери и придушувачи, убивајте ги како имате можност, па дури и со нож“ порачувал Кесеровиќ.