Босилков: Само тотален морон може да не го дешифрира и да гласа за Заев

Политикологот Иво Босилков чија специјалност е влијанието на медиумите врз мислењето на јавноста ги дешифрира пораките на премиерот Заев за ЕУ како “Камшикар” и најавата за продажба на “Македонски пошти”.



Кога Заев вели: “Ќе ја приватизираме Пошта или ни треба камшикот на ЕУ тоа е буквално исто како да кажал ЛУЃЕ, НИЕ НЕ СМЕ СПОСОБНИ ДА ВЛАДЕЕМЕ. Само тотален морон може да не го препознае ова и да гласа на избори за да владее некој што отворено си кажува дека не знае да владее”, смета Босилков кој е поранешен новинар.

Иво Босилков е доктор по политички науки од Универзитетот во Милано, со специјализација во областа на медиумски ефекти врз јавното мислење. Магистрирал во областа на политичката комуникација на Универзитетот во Амстердам, како дел од програмата Еразмус Мундус за новинарство, медиуми и глобализација. Работи како истражувач во Центарот за југоисточно европски студии во Грац и има објавено трудови во неколку меѓународни научни списанија.