Бошњаковски не го научил Пендаровски како да се однесува со Уставниот суд

Генералниот секретар на Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски, Миле Бошњаковски, не го научил претседателот Пендаровски дека одлуките на Уставниот суд не се коментираат.



Додека беше портпарол на владата Бошњаковски велеше дека одлуките на уставниот суд не се коментираат а сега неговиот шеф Пендаровски коментира и омаловажува одлуки на уставниот суд.

,,Владата нема да толкува одлуки на Уставен суд во ниту една ситуација, изјави денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски, одговарајќи на новинарско прашање како ја коментираат одлуката на уставните судии за отфрлање на иницијативата за оспорување на референдумот.

Тоа што го имавме ние за референдумот го искажавме повеќе пати. Сметаме дека тоа е највисокото демократско право на еден граѓанин во една слободна демократија”, рече Бошњаковски во септември 2018 година.

Сега кога Бошњаковски го води неговиот кабинет за Пендаровски последната одлука на уставниот суд е поразувачка и невкусна иако како правник треба да знае дека одлуките се конечни и извршни.

„Во врска со одлуката на Уставниот суд со која се укинуваат одредби од Законот за плати на функционерите, ја повикувам Владата да се најде законско решение со кое ќе се регулира прашањето преку намалување на бодовите. Сметам дека е невкусно во време на економска криза да се покачуваат платите кои се исплаќаат од државниот буџет.

Одлуката на Уставниот суд од пред два дена е поразувачка. Би сакал да ја искоментирам пред воопшто да стане предмет во јавноста, а треба да стане. Невкусно е мојата плата, од сегашните 93 000 да биде 150 000 или на премиер, спикер на Парламент, министри од сегашни 80 000, да изнесува 130 000″, рече пред десетина дена претседателот Стево Пендаровски за одлуката на уставниот суд.

Бошњаковски го води Кабинетот на претседателот која е стручна служба за поддршка и за реализација на активностите и приоритетите предвидени во мандатот на претседателот добиен од граѓаните на општи и непосредни избори.

Организацијата на Кабинетот се врши со одлука на претседателот, а Кабинетот го води генерален секретар, којшто го назначува претседателот и е одговорен за целокупното работење на Кабинетот. Генерален секретар на Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски е Миле Бошњаковски, стои на веб сајтот на претседателот на републиката.