Бошњачки демократски сојуз реагира на податоците од пописот на населението според кои во Македонија живеат 0, 87 проценти Бошњаци.
Од партијата велат дека јавно укажале на пропустите и се заканиле со излегување од владејачката коалиција, но потоа биле уверувани дека пописот ќе се спроведе коректно и во согласност со сите правила.
„За жал резултатите не го покажуваат тоа и не ја одразуваат реалноста. Затоа, укажуваме дека податоците од пописот фрлаат сенка врз работењето на државните институции и ја доведуваат во прашање функционалноста и довербата во истите“, велат од Бошњачки демократски сојуз.
Тие бараат да се преиспитаат резултатите од пописот, за да не служат, како што наведуваат, за поткусурување на партиските интереси. РСЕ






