Босанката Мирнеса С. е осомничената која украла повеќе од еден милион евра од компанија во Штутгарт, објави магазинот Феникс.



По објавувањето на нејзината фотографија на сите германски медиуми, откриен е профилот на Инстаграм на Мирнезе С., а на него таа објави фотографии на кои се гледа како се забавува облечена во брендирана облека.

Како што соопшти полицијата, жена украла повеќе од милион евра од просториите на компанијата на 14 октомври околу 15.10 часот. И оттогаш од неа неам никаква трага. Кражбата била забележана истиот ден, полицијата започнала истрага, но засега се уште е нејасно како извадила толкава сума пари од фирмата.

По неа е распишана потрага, а понудена е и награда од 37.500 евра за тој што ќе помогне во апсењето на 42-годишната Босанка.