Некогашниот европски клупски шампион Борусија Дортмунд е најновиот заинтересиран клуб да го доведе во своите редови 21-годишниот играч за врска на Наполи и на фудбалската репрезентација на Македонија, Елиф Елмас, објави онлајн-магазинот „Атлетик“.
Покрај осумкратниот германски првак, за македонскиот фудбалски бисер повеќе од една година „гризаат“ англискиот премиерлигаш Лидс на неговиот репрезентативен колега Езгјан Алиоски и португалскиот гигант Бенфика.
Елмас, кој има договор со Наполи до 2025 година, на фудбалскиот пазар е проценет на 17 милиони евра.
Од дебито за Македонија досега тој има 28 настапи и 7 гола, вклучувајќи го и победничкиот против Германија на гости во мартовскиот дуел од мундијалските квалификации.






