Борјан Јовановски за најавата од Силјановска дека нема да го користи новото име: Топ ѝ е планот

По валканиот твит за претседателот Ѓорге Иванов, новинарот Борјан Јовановски со сличен речник и кон кандидатката за шеф на државата Гордана Силјановска.



„Нема да го употребува новото име и ќе си седи сама во резиденцијата на Водно и сите ќе ги игнорира… Се разбира, од пари што ние ќе ѝ ги даваме… Топ ѝ е планот“, напиша Јовановски на својот профил на Твитер.

Новинарот близок до сегашната власт во Македонија лани му се нафрли на претседателот Иванов по прославата на Илинден во Крушево.

„Ќе треба меѓународен тендер за да се најдат експерти за хемиско чистење на претседателскиот кабинет во мај“, твитна тогаш Јовановски.