Новинарот Борјан Јовановски, на неговите Твитер и Фејсбук акаунти најави дека утре ќе конзумира марихуана пред зградата на обвинителството, во знак на поддршка на уапсената активистка за легализација на марихуаната, Моника Конопова.
Јовановски ги повика сите граѓани кои се против апсењето на активистката, да дојдат и заедно во знак на револт да пушат џоинт.
“Драги пријатели, сите кои конзумирате канабис ве повикувам утре на пладне секој со својот џоинт да се собереме пред ОЈО. Притворот за луѓето кои уживаат канабис е недопустлив во ова време когс цел цивилизиран свет го легализира уживањето на марихуаната! Притвор за криминалци Слобода за слободољубци. Правда за @monikakonopova”, пишува Јовановски и ја предизвикува полицијата која ако го следи законот ќе мора да го уапси за јавно користење на опојни средства.





