Борјан Јовановски открива голем скандал: Владата контролира повеќе медиуми преку функционер на СДСМ

Новинарот Борјан Јовановски открива голем скандал според кој владата контролира повеќе медиуми преку функционер на СДСМ.



Во статус на Фејсбук Јовановски вели дека владиниот национален координатор за Отворен Балкан Марјан Забрчанец извршува функција главен уредник на повеќе медиуми.

Јовановски бара владата да донесе одлука дали Забрчанец кој важи за еден од најблиските соработници на екс премиерот Заев и актуелниот шеф на владата Ковачевски во име на владата ќе се занимава со проектот ,,Отворен Балкан” или ќе води медиуми.

,,Крајно време е Владата на РСМ да одлучи дали лицето Маријан Забрчанец ќе биде одговорно за иницијативата Отворен Балкан или ќе ја извршува функцијата главен уредник на повеќе портали. Двете функции не одат заедно”, пишува Јовановски кој не открива кои се медиумите кои ги уредува Забрчанец додека врши владина функција.

Уредување на медиуми паралелно со вршење владина функција е недозволово однесување според сите етички новинарски и владини кодекси.

ТВ водителот Богдан Илиевски постојано информира за скапите кампањи на повеќе провладини медиуми кои трошат огромни пари на спонзорирање на медиумски текстови.

Сите овие медиуми кои ги објавува Илиевски се целосно провладини но нема информација дали меѓу нив има медиуми ги уредува Забрчанец.

Кои се медиумите кои трошат огромни пари за спонзорирани текстови а имаат провладина уредувачка политика на овој линк

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=pfbid0yQUWVTtbS4pnZJeUC1Ep56kDVzqkjeG1mibZEc1krKvG9dQ54ei33r9uaksvFELql&id=603272137&mibextid=Nif5oz