Бугарскиот премиер Бојко Борисов од Анкара му се придружи на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во обвинувањата кон Европската унија дека не ги исплатила ветените пари за бегалците, како и за пропаѓањето на договорот за бегалците од 2016 година.



Ердоган ја обвини ЕУ дека не и платила на Турција шест милијарди евра за сместување за четири милиони сириски бегалци.

Борисов рече дека ЕУ гласала за доделување на тие пари за Турција и дека не разбирал зошто не ги дале.

Европската комисија, пак, тврди дека ги исплатиле целосно парите на организациите за помош на бегалците, а не директно на турската влада пренесе РСЕ.

Ердоган сега вели дека не му требаат европски пари

„Потрошивме 40 милијарди евра. Ветените шест милијарди евра Брисел не ги реализира. Сега велат дека ќе алоцираат една милијарда евра. Кого лажат? Не ги сакаме повеќе тие пари. Ќе најдеме пари“, рече Ердоган.