Борисов загрижен за ОМО Илинден, преговорите со Македонија да завршат до 10 ноември

До 10 ноември Бугарија и Република Македонијан ќе водат разговори на сите нива, за да постигнат компромисно решение по историските спорови.



Ова го заклучува Бугарското Национално Радио кое ги анализира пораките премиерот Бојко Борисов, кој денеска разговараше со министерот за надворешни работи Бујар Османи.

“Многу се надевам дека Македонија ќе ги добие получи неопходните уверенија и од нас да продолжи по патот на европската интеграција”, изјавил Борисов пред средбата со Османи.

Според Борисов Софија и Скопје треба да да ги направат неопходните компромиси и признал:

“Јас лично сум многу растревожен од вметнувањето на ОМО-Илинден и македонско малцинство во Бугарија во една политичка резолуција во ЕУ, но тоа во никој случај не е од полза во точно овој момент”, изјавил Борисов во Софија.