Борисов: Вонредната состојба продолжува до 30-ти јуни


Со цел да се избегне нова ескалација и болниците да не можат да прифаќаат пациенти, предлагаме да продолжи вонредната ситуацијатапоради коронавирусот до 30 јуни. Ова го најави премиерот Бојко Борисов на почетокот на денешната седница на владата, објави агенцијхата БГНЕС



„Мораме да се навикнеме да живееме со овој вирус“, рече Борисов.

Главниот државниот санитарен инспектор, Ангел Кунчев, побара вчера продолжување на рестрикциите поради зголемен број случаи на коронавирус, утврдени во последните денови во општините Родопи и Сливен.

Во Бугарија моментно има 2.889 лица заразени со коронавирус. Починале 167.

Ниското ниво на смртност во Бугарија се должи на мерките преземени однапред од владата и последователните, рече министерот за здравство.