Бугарскиот премиер ја прифатил поканата на претседателот Румен Радев за утрешната консултативна средба на која треба да се претсресат односите со Македонија и „застојот“ во работата на Заедничката бугарско-македонска комисија за историски прашања.
Итната средба се должи на претстојните иницијативи на европско ниво во врска со пристапот на Македонија во ЕУ, оценуваат бугарски медиуми.
Тема на консултатациите е „Преглед на билатералните односи меѓу Република Бугарија и Република с. Македонија во контекст на резултатите од работата на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања и очекуваната покана за Република Северна Македонија пристапување кон ЕУ “.
Европскиот совет се очекува да се одржи на 17-ти октомври, на која лидерите на ЕУ се очекува да одлучат за започнување на разговорите за членство на Македонија и Албанија.
Бугарија треба да одлучи дали да ја поддржи Македонија за датум за почеток на разговорите за членство во ЕУ.
Оваа одлука зависи и од секоја земја-членка и од секоја од нив поединечно. Одлуката ќе биде донесена само со апсолутно мнозинство. Дури и ако само една земја е против тоа, не може да се донесе одлука.
Неколку дена пред тоиа, 14 и 15 октомври, закаѓана е средба на Заедничката комисија откако на претходната средба во Софија пред две недели не се постигна договор за „најголемата пречка“, прашањето за делото на Гоце Делчев.
Претседателот на бугарскиот дел од Комисијата, Ангел Димитров ппо средбата оцени дека „Нивната логика е да одрекуваат се што е наше“.
Вчера вицепремиерот и министер за одбрана, Красимир Каракачанов, даде гневна изјава и побара Бугарија да не брза со давање зелено светло за ЕУ. Неговата реакција следуваше по интервјуто на македонскиот претседател Стев Пендаровски, во кое н според Каракачанов, Пендаровски „си дозволува да ја злоупотреби историската вистина за потеклото на Гоце Делчев и да даде нејасни сигнали до Комисијата за историски и образовни прашања“.
„Велам дека на 17 октомври Бугарија не треба да брза да дава зелено светло за да започне преговори со Македонија за членство во ЕУ додека не се расчистат сите фалсификати на историјата на бугарскиот народ во Македонија“, повика Каракачанов според кој европската интеграција на Скопје не можела да биде на штета на бугарската ационална историја и идентитет“.
На утрешната средба ќе присуствува и шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева и раководителите на комисиите за надворешни работи и за ЕУ.




