Лидерот на ГЕРБ и трикратен премиер воп изминативе 12 години во Бугариј, Бојко Борисов, денеска им соопшти на новинарите дека бил повикан во шетврток да се појави на распит во полиција.
„Сега ја добив поканата“, рече Борисов. за повикот да се појави во Генералниот директорат на Националната полиција. „Веројатно ќе ме прашаат зошто се кандидирав на изборите, зошто не купив гласови како другите, зошто ги добив битките за лидерство и кога ќе се откажам.
Повторно, ГЕРБ е коска во грлото, тие не можат да го стават Слави (Трифонов) на прво место.
Се надевам дека ќе излезам жив“ изјави Борисов кој објасни дека во поканата се вели дека бил повикан да даде информации и дека треба да носи лична карта.






