Фотографии од Бојко Борисов како спие во неговата спална соба, предизвика бурна реакција на бугарскиот премиер кој го обвини бугарскиот претседател Румен Радев дека тој стои зад снимките.



Наводно, биле направени со дрон што Радев го добил на подарок од – Кина.

На една од нив е тој додека спие, а на друга се гледа наткасна до креветот врз која стои пиштол, како и пари и злато во фиока.

Борисов вели дека во неговата соба има сеф и нема потреба да чува пари во шкаф. Рече и дека не спиел со пиштол до главата, но од денеска можеби и ќе го направи тоа бидејќи е загрижен за својата безбедност.