Борисов стравува од нова војна на Балканот

„Страницата за Балканот не е дури ни затворена“, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов на неформалниот состанок на министрите за одбрана на земјите на ЕУ, на која тој се заблагодари што темата за Западен Балкан е ставена на агендата на Унијата, бидејќи можностите за нов конфликт сè уште постоеле.



„Сакам да ве замолам за поддршка, бидејќи никој подобро од вас не ја познава опасноста од војна на Балканот. Кога дискутирате на темата со вашите влади, ве молам да не ја потценувате, истакна Борисов“, во обраќањето на средбата со министрите за одбрана на ЕУ., пренесе БГНЕС.

Бугарскиот премиер дополни дека предизвиците наметнуваат „вистински да се бориме и да ги проценуваме колку и какви се ризиците, како и за колку кратко време можат да се развијат на Балканот“.