Поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов, со сарказам, ја коментира вчерашната посета на актуелниот премиер Кирил Петков на Македонија.
„Оваа ноќ за прв пат спиев мирно, бидејќи вчера сфатив дека братскиот народ на Северна Македонија нема да ја нападне Бугарија со донираните тенкови и нема да има територијални претензии.
Нема да ни го земат Банско. За што имаат претензии“, изјави Борисов по информациите дека на вчерашната средба Петков-Ковачевски било решен проблемот со краткото име „северна Македонија“ кое значи и декав Македонија нема територијални претензии кон Пиринска Македонија.
Борисов на Петков му забележува што не го посетилгробот на Гоце Делчев:
„За прв пат државник оди во РСМ и не оди да положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев“ рече Борисов.
Како што пренесува БГНЕС, Борисов праша дали на средбата меѓу Кирил Петков и претседателот на РСМ Стево Пендаровски се зборувало за македонско малцинство во Бугарија.
Но, Борисов загрижено констатира дека Ковачевски на Петков му ја наметнал темата за фашистите:
„Нивниот премиер во само еден ден успеа да го зароби нашиот за фашистите. Ова не е за потценување, многу лукаво го зароби.
Влегувајќи во стапицата на фашизмот, се откажуваме од подвигот на бугарскиот народ да му се спротивстави на Хитлер за спасените над 50 илјади бугарски Евреи.
Сè друго лесно се решава, токму ова прашање, токму овие проблеми што сега ги бришат, всушност не’ кочеа две години“, рече Бојко Борисов.







