На денешното чествување на роденденот на револуционерот Гоце Делчев, бугарскиот премиер Бојко Борисов, рече дека следната година заедно со, според него, браќата од с. Македонија ќе се слави 150-годишнината од раѓањето на Делчев.
„Денеска се навршуваат 149 години од раѓањето на Гоце Делчев, војвода, деец на македоно-одринското револуционерно ослободително движење, еден од највидните наши заеднички историски херои. Се надевам ќе имаме мудрост в година заедно со нашите пријатели и браќа од с. Македонија да ја прославиме 150-годишнината, обединети и заедно на патот на европската интеграција“, напиша Борисов на Фејсбук.





