Борисов се закани со нови избори: „Сакате, ќе ги добиете“!?

Пратеникот поранешен премиер и лидер на ГЕРБ Бојко Борисов ги отфрли шпекулациите во медиумите дека коалицијата ГЕРБ/СДС што тој ја предводи, наводно ќе коалицираат со БСП и ДПС за состав на влада.



Според него, поединци, а не партии треба да одлучат дали ќе одат на избори или не.

„Сакате избори, сакате стечај – ќе ги добиете“, коментирал Борисов, пренесуваат медиуми.

Тој изјави дека не е нервозен, туку сериозен, одговорен и штом сите страни сакаат да паднат во бездна – ќе паднат.

„Бугарите ќе не казнат како што заслужуваме“, рекол Борисов.

„Нема да дозволам на ПП и ДБ ‘влажниот сон’ да им стане реалност, за да не победат на локалните избори. Тоа нема да се случи, нема да дозволам“, нагласи Борисов.

Лидерот на ГЕРБ беше дециден дека партијата ќе предложи поединци за кабинет и на еден, три или 6 месеци, но нема да дозволи медиумите да му лепат етикета дека ќе коалицира со БСП и ДПС.

Борисов информирал дека имал средба со „многу важни партнери во странство“.