Претседателот на најголемата бугарска парламентарна партија ГЕРБ и поранешен бугарски премиер, Бојко Борисов, соопшти дека се откажал од пратеничкиот имунитет.



„Разговарав со членовите на пратеничката група на ГЕРБ. Ќе се откажам од имунитетот и покрај тоа што поранешниот државен обвинител го направи против мене“, рече Борисов во парламентот, иако претходно изјави дека „категорично одбива“ да му се одземе имунитетот.

Тој додаде дека има доверба во бугарските судови и обвинителство, јави Радио Бугарија.

Градското обвинителство во Софија претходно му предложи на државниот обвинител да побара укинување на пратеничкиот имунитет на Борисов поради случајот „Барселонагејт“.

Но, од партијата на социјалистите БСП не муј веруваат:

Претседателот на пратеничката група на БСП, Георги Свиленски, изрази огорченост што, како што рече, „колегата, претставник на народот“ (Борисов) не го депонирал својот пратенички имунитет.

Тој посочи дека дотичниот пратеник (очигледно мислејќи на лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов) ги лажел и медиумите и пратеничките групи дека ќе си даде пратенички имунитет.

„Денеска проверивме и до 9:30 часот немаше писмено барање за ослободување од имунитет во канцеларијата на Народното собрание. Во овој момент зад четирите ѕида на парламентот се крие овој колега пратеник. Веќе видовме, има и жандармерија која ја зајакнува безбедноста на зградата“, коментира Свиленски, пренесе Њуз.бг.

Инаку, поранешниот премиер е под истрага три години, а според обвинителот, собрани се докази дека Борисов перел пари давајќи незаконски стекнати пари на трети лица за купување недвижен имот во странство.