„Само со заеднички труд, дух и дисциплина можеме да го победиме коронавирусот. Само со почитување на правилата ќе се вратиме во нормалниот живот.
Им благодарам на Дац и Александар. Северна Македонија може да смета на наша поддршка“, објави на Фејсбук бугарскиот премиер Бојко Борисов кој сподели видео како ја слуша песната „Корона чао“ додека се вози во автомобил.





