Борисов предупредува на масовно купување пратеници

Поранешниот премиер и актуелен лидер на ГЕРБ, Бојко Борисов, е огорчен од „големото купување гласови“ што се случува во парламентот.



На прес-конференција во седиштето на партијата, Борисов посочи дека освен пари за „прелетачи“, се нудат и колосални суми за пратениците да не излезат на гласање – да се сопнат, да паднат или да си изгребат носот.

Тие толку многу се залепија на власта што не забележуваат што се случува околу нив, додаде тој.

Еден пратеник има тежина од околу 10.000 гласови. Тој има информации за купување гласови на пратеници, вклучително и со биткоини.

Ќе соберат 121 пратеник, (за мнозинство) но на кои принципи – на инфлација, на принцип да ни се запрат парите од Европа, на принцип горивото да оди за 4 лева, на принцип на купување скап леб, рече Борисов.

Толку се заглавени во столчињата што нема излез“, посочи поранешниот премиер.