Свикување на парламентот, намалување на бројот на пратеници од 240 на 120, затворање на Врховниот судски совет, редовни расправи на главниот обвинител, најави денеска во вонредно обраќање до нацијата, објави известувач на БГНЕС. Во вонредно обраќање до нацијата премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, јави БГНЕС.
Борисов најави дека неговата партија Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) ќе поднесе до парламентот предлог за нов Устав!
„Време е за одговорност и одлучност! Време е не само за смена на политичкиот систем, туку за рестартирање на државата. Неопходно е рестартирање на политичкиот модел и не може повеќе да се пролонгира“! -рече Борисов.
Тој наведе дека нов устав барале и граѓаните и невладините организации, кој ќе биде во согласност со европските правила.
„Затоа предлагам свикување на Големото народно собрание, кое ќе спроведе уставни измени“, вели Борисов.
Тој потсети дека во името на демократијата на два пати се повлекол од функцијата премиер, но дека народот го враќала.





