Неколку минути по официјалниот почеток на седница на новиот парламентарен состав, бугарски медиуми објавија дека досегашниот премиер Бојко Борисов поднесе оставка.
Писмото на премиерот Борисов, со кое тој поднесе оставка на кабинетот, денеска беше доставено до претседателот на Националното собрание.
Борисов не е присутен во салата на новоизбраното 45-то Националното собрание кое заседава за прв пат.
Во согласност со чл. 111, ст. 3 од Уставот, Владата предводена од премиерот Борисов ќе продолжи да ги извршува своите функции до изборот на нов Совет на министри и ќе постигне континуитет во управувањето, се вели во соопштението.
Третиот кабинет на Борисов стапи на должност на 4 мај 2017 година. Тоа бшее прв мандат што лидерот на ГЕРБ го заврши како премиер, откако тој беше принуден да поднесе оставка во претходните два пред нивното истекување.






