Поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов и членови на ГЕРБ приведени во полициска акција, активисти протестираат вечерва пред неговот дом во софијската населба Банкаја.



Извршен е претрес во домот на Борисов во Банкаја, а тој самиот е приведен во седиштето на Националната полиција во Софија. Ништо од неговиот дом не е одземено, изјави неговиот адвокат Менко Менко.

Мидеиуми јавуваат дека на екс-премиерот му е одреден 24 часовен притвор, а полициската акција е поврзана со сомневања за злоупотреба на европски пари.

Поранешниот премиер Бојко Борисов, поранешниот министер за финансии Владислав Горанов, поранешната шефица на буџетската комисија Менда Стојанова и поранешната шефица на владиното разузнавање Севдалина Арнаудова се приведени за време на голема полициска акција на Националната полиција.