Борисов не верува во теории на заговор, но карантинот бил спас за премиерот…

„Никогаш не сум верувал во теории на заговор – но сега овој карантин е спас за премиерот, за претседателот, за владата“, изјави поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов, според кој вчерашниот состанок на бугарскиот Совет за национална безбедност(КСНС) на кој тема беше Македонија, бил потполно непотребен.



„За темата Северна Македонија, беше апсолутно непотребен, бидејќи само беа потврдени намерите напишани во Договорот за соседство од страна на владата на ГЕРБ“.

Сепак, вистинската цел беше поинаква – Радев да покаже дека кој всушност владее“, смета Борисов какошто пренесе БГНЕС.

Борисов вели дека Радев сакал да покаже дека претседателството е горниот дом на парламентот и дека претседателството ги наметнива задачите на партиите, на парламентот и на владата.

Тој прашува зоишти премиерот не дал изјава вчера по завршување на Советот за бебедност.

„Се сеќавате ли некогаш премиерот да не зборувал по КСНС?

Борисов вели дека сега очекува – новите власти да се скријат зад „мониторите на интернет“ за да ја избегнат одговорноста и да донесат решенија за кризите кои се продлаболчуваат.