Борисов не сака да биде претседател на Бугарија

Во врска со претстојните претседателски избори, кои ќе се одржат истовремено со парламентарните избори на 17 ноември, поранешниот премиер Бојко Борисов вели дека никогаш не бил заинтересиран за претседателската функција.



Според него, извесно е кој ќе биде избран за шеф на државата, (мислејќи веројатно на Румен Радев).

На Борисов не му е јасно и што воопшто ќе донесат изборите:

„Што ќе се постигне овие нови избори? Што ќе се смени меѓу партиите за да се засакаат и да формираат влада“?

Тогаш Радев ќе ја префрли целата вина врз партиите, тој ќе излезе сув од вода, и сите оние кои се сега во парламентот може и да ги нема“, вели Борисов.