Бугарија нема никаков ангажман за прифаќање мигранти со канцеларката Меркел. Ниту примивме, ниту ни е понудено. Ни за пари – ниту без пари, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов пред почетокот на денешната владина средба.
Повод за ова била изјавата на вицепремиерот Красимир Каракачанов, кој предупреди за кампањата со лажни вести против бугарската влада.
„Навистина си играат со стравовите на луѓето. Бугарија нема ангажман – гледате Италија, Шпанија, Грција потпишаа договор или се договараат – тоа е нивна работа, ние не се мешаме во нивните внатрешни работи. Ниту сме преговарање со канцеларката Меркел, ниту сме земале ниту ни е понудено – ниту за пари, ниту за без пари“ рече бугарскиот премиер, пренесува БГНЕС.




