„Првата држава на која ќе помогнеме да биде Македонија. Ние вас ве сметаме за наши браќа и сестри и нема како да не помогнеме со помош на бугарската индустрија која почна да произведува такви средства кои сега ќе ви бидат потребни.
Јас знам и во многу скоро време се надевам дека ќе биде објавено се подготвува една друга голема донација, но не сакам сега да го споделувам бидејќи тоа ќе го соопшти Владата на Бугарија, изјави европратеникот Андреј Ковачев во интервју за „Поглед.мк“.
А бугарскиот премиер Бојко Борисов на денешниот брифинг во владата соопшти дека наредил да се изработат стотина медицински скафандери коишто потоа ќе бидат подарени на Северна Македонија, јавија бугарските медиуми.
Тој се пофали дека скафандерите произведени во Бугарија се неколку пати поквалитетни од оние што се произведуваат во „големи империи“.
„Кога ќе дадеш 5 или 10 скафандери на нашите болници на првата линија и веќе ги имаме обезбедено и отповеќе, сега даваме и на другите, за да има резерви, тоа се сфаќа како убав гест и се помни десетици години потоа.
Затоа наредив да се направат и скафандери за нашите браќа во Северна Македонија, да им пратиме стотина за лекарите на првата линија. Лесно е да се зборува дека сме браќа, но тоа се гледа кога е тешко, кога луѓето умираат“, рече Борисов.





