Лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов го обвини преммиерот Кирил Петков за кукавичлук да одлучува околу францускиот предлог за решавање на случајот со Макдонија.
„Сведоци сме на кукавички премиер. Како што ветив, ги прочитавме текстовите (на францускиот предлог) во сабота. Морам да ви кажам дека текстот е навистина многу добар. Ги вклучува сите предлози и стравови и она што „му верувам Претседателе Макрон, имам доверба во Европската комисија. Досега се што се случи добро за Бугарија е благодарение на Европската унија“, рече тој.
„Премиерот на Бугарија, во наводници, се крие, чека да истече времето и чека да оди во Брисел и да каже – овој лош Бојко, затоа што е пријател со Путин, сака да не’ симне (каоо влада). Ова е неговото глупаво лажно лице“.
Борисов понуди да ги „даде“ своите пратеници за поддршка на усвојувањето на предлогот на француското претседателство. Тој посочи дека во вакви стратешки случаи мора да се носат непопуларни одлуки.
„Разговарав со пратениците на ГЕРБ и ги замолив, ако ми веруваат, да ги поддржат предлозите, ако се осмели овој кукавица и лажго.
„Се согласувам со претседателот Радев дека француското претседателство ја обезбеди најдобрата рамка. Подобро од ова не може да се направи“, вели Борисов.







