Коалицијата ГЕРБ/СДС која освои најмногу гласови на последните парламентарни избори утре јавно ќе го претстави кандидат за иден бугарски премиер.
Ова го соопшти лидерот на партијата Бојко Борисов на вонреден брифинг во седиштето на ГЕРБ .



„Паметен, згоден, образован, интелигентен, поголем полиглот од „Промената“ (Мислејки притоа на екс премиерот Кирил Петков н.з.) го опиша Борисов нивниот избор за иден премиер без да спомене име.

„Апелирам до сите партии – избори во август, без буџет, оставање на преодната влада е катастрофа, не може секој одговорен политичар кој зема плата за оваа работа да го остави парламентот да работи уште еден месец, а да не произведе ништо.
Не може да дозволи хаосот да продолжи – невидена инфлација, грабежи, апсолутно никаква перспектива за државата“, рече тој.

Претседателот Румен Радев денеска соопшти дека ќе го додели првиот мандат на ГЕРБ/СДС на 15 мај

„Ќе има влада“, беше категоричен Борисов и вети дека Бугарија во догледно време ќе влезе и во еврозоната и во Шенген.

Ќе се предложи име за премиер, но составот на владата останува „празна страница“, додека ГЕРБ продолжува со разговорите со сите други партии.