Поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов ги отфрла наводите за „бугарска трага“ во експлозијата на мостот на Крим, пренесува БГНЕС.
БСП: Има ли „Бугарска врска“ во уривањето на Мостот на Крим
„Јасно е дека експлозивот (во камионот што експлодираче на Керчанскиот мост -н.з.) не бил натоварен овде, бидејќи не можел да ги помине границите, некаде ќе се самодетонира“.
Тој нагласи дека камионот поминал низ пет земји.
„Да бев на местото на руските служби, ќе ме интересираше не од каде тргна камионот, туку каде е натоварен. Невкусен е зборот „бугарска трага“, бидејќи се зборуваше и за бугарска трага во нападот на папата, а тој самиот потоа рече, дека тоа не е вистина.






