Бугарските граѓани се мирни, имаме нула миграција, изјавил денеска бугарскиот премиер Бојко Борисов во Пловдив, околу актуелниот наплив на сириски бегалци откако Анкара најави дерка ќе ги отвори границите и тие слободно да заминат во ЕУ.
Според дописникот на БГНЕС, Борисов изјавил дека не се потребни „армијата, артилеријата, митралезите“ и никој не би си дозволил такво нешто кон жении деца. „Затоа што хуманитарната криза е страшна, овие луѓе бегаат од мака“ , продолжи Борисов.
Тој рече огромни средства во моментов се пренасочуваат кон „Црвената полумесечина“ за да ѝ помогнат на Турција да се справи со кризата.
Борисов, според БГНЕС вчера имал телефонски разговори со претседателот на Европската комисија, Урсула фон дер Лаејн, со претседателот на Европскиот совет, Чарлс Мишел, со гпремиерите Кирјакос Мицотакис и Андреј Пленковиќ, двапати разговарал со турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и двапати со турскиот претседател Реџеп Таип Ероган.
Борисов вели дека подготвувал голема средба во Бугарија, веројатно околу новбата хуманитарна криза, но одби да даде детали.
Тој најави дека во понеделник, ќе замине на средба со претседателот Ердоган.





