Премиерот на Македонија и Бугарија Зоран Заев и Бојко Борисов,  утре ќе учествуваат на свеченото отворање на реставрираниот споменик на бугарскиот полковник Константин Каварналиев во Дојран, јавуваат бугарски медиуми. .



Полковник Каварналиев загинал, како што јавува БГНЕС, „при спасување  на илјадници цивилни Бугари кои бегале од Грците“ за време на 2-та Балканската војна во 1913 година.

За утре беше најавена посета на Бојко Борисов на Скопје, каде со македонскиот колега ќе се поклони пред саркофагот на Гоце Делчев во Цквата С. Спас, но по повод празникот Илинден“, нема да оди на Мечкин Камен туку ќе продолжи за Дојран.